Жан Алеси: Шумахер Јуниор сигурно ќе стигне до Формула 1

Мик Шумахер го посети Маранело

Поранешниот пилот на Ферари, Жан Алеси е убеден дека Мик Шумахер сигурно ќе го оствари својот сон и ќе вози во Формула 1.

Дваесет-годишниот син на легендата и седумкратен Ф1 шампион, Михаел Шумахер, се натпреварува во Формула 2 оваа сезона и овој викенд во Унгарија успеа да ја оствари својата прва победа во највисоката категорија пред Формула 1. 19-годишниот син на Алеси е еден од ривалите на Мик на патеката и исто се натпреварува во Ф2.

– Секако дека Мик ќе стигне до Формула 1. Не му беше лесно да се навикне на огромниот притисок, кој му го наметна презимето Шумахер. Сенката на неговиот татко е огромна, но момчето покажува сезона по сезона дека има квалитети да с направи име во светот мотоспортовите. Сè што се случи во неговото семејство го натера да созрее многу порано, но тој покажува одличен карактер, кој веќе му помага на пистата“, изјави Французинот.