Занети откри дека не му е лут на Маѕари

82

Легендарниот капитен на италијанскиот калчо гигант Интер, Хавиер Занети откри дека не му е лут на актуелниот предводник на “нероазурите”, Валтер Маѕари, кој не му даде шанса да настапи на последниот дерби дуел против градскиот ривал Милан, кој ќе беше последен во блескавата кариера на аргентинскиот интернационалец.

„Не, не сум лут. Не сум лут што не добив шанса да го одиграм последниот дерби натпревар во мојата кариера. Јас сум вистински професионалец и во моето срце нема таква опција, да кажам нешто лошо за нашиот тренер, да кажам нешто лошо за неговата тактика или одлука. Мене ми е жал, мене ми е криво што Интер го загуби тој натпревар. Јас не се жалам на нити една одлука која ја имам донесено во мојата фудбалска кариера. Среќен сум што добив толку голем респект од моите колеги”, изјави Занети кој одигра и повеќе од 600 натпревари во дресот на Интер, а во следниот период најверијатно ќе ја извршува функцијата технички директор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.