Заостаната бомба во Германија оштети згради во Регенсбург

Детонација во авионска бомба од Втората светска војна во Регенсбург, на југот од Германија, предизвика штети на објекти, а поради контролираната детонација евакуирани се неколку илјади жители, соопшти полицијата во средата.

„Во текот на првата обиколка на подрачјето во близина на местото на коешто е најдена баомбата забележавле испукани стакла и оштетени фасади“, рекол еден од полициските портпароли за јавниот сервис Bayerische Rundfunk. Властите пред детонацијата, поради големината на бомбата, сметаат на можни оштетувања на зградите. Инфраструктурата како пругите или улиците не се оштетени.

Бомбата којашто е пронајдена во близина на речно пристаниште на Дунав, детонирана е рано утрото, а детонацијата се слушнала на подрачјето на целиот град. Пред тоа, од околните улици беа евакуирани повеќе од 4.500 жители. По пронаоѓањето на бомбата, стручњаци за експлозиви заклучиле дека бомбата е во таква состојба што не е можно да биде транспортирана на некое побезбедно место, како и дека поради општетената запалка не е можно нејзино неутрализирање.

Пронаоѓањето на неексплодираните авионски бомби од Втората светска војна е речиси вообичаено во Германија, врз којашто сојузничките сили фрлиле милиони тони бомби кон крајот на војната, а се проценува дека 10 до 20 отсто од бомбите не експлодирале. Со текот на времето доаѓа до корозија на детонаторот што предизвикува самодетонација на бомбите. Од 1947 година регистрирани се околу 20 вакви самодетонации. Секоја година во Германија се неутрализираат по околу 5.500 неексплодирани бомби и други експлозивни средства.

Неексплодираните бомби заостанати од сојузничките бомбардирања на тогашна нацистичка Германија кон крајот на Втората светска војна, често се наоѓаат во германските градови при градежни работи или одржување на инфраструктурата. Поради тоа, многу локални власти имаат специјални екипи задолжени за нивно откривање и безбедно детонирање.

Несреќен случај е забележан само во јуни 2010 година, кога експлодираше бомба од 500 килограми кај Гетинген, кога загинаа три а беа повредени две лица.

Најмногу бомби во Втората светска војна се фрлени врз германската престолнина Берлин – повеќе од 68.000 тони, Хамбург – 45.000 тони , како на територијата на Рурската област – 162.000 тони. Хановер, исто така, бил цел на чести бомбардирања на сојузничките воздухопловни сили во последните години од војната. Само на 9-ти октомври 1943 година врз овој град биле фрлени 261.000 бомби.