Заострени ковид мерките во Словенија

Во Словенија денеска стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои дел од епидемиолози ги оценија недоволни за спречување на ширењето на епидемијата. Земјата сè уште бележи висок удел на позитивни тестови за Ковид-19 од 43 проценти.

Во последните 24 часа се потврдени 1.282 случаи на коронавирус, со 12 смртни случаи и висок удел на позитивни тестови од 43,3 отсто.

Владата не се определи за затворање туку за мерки кои вклучуваат строга контрола на потврдите за ковид, заедно со документ за идентификација, како и ограничување на работното време за баровите, забрана за дискотеки и ноќни клубови, забрана за собирање надвор од кругот на семејството, пренесува Хина. И покрај тоа, некои сметаат дека нема да биде доволно за да се стабилизира состојбата и да се спречи преоптовареност на здравствениот систем поради навалата врз болниците.

– Овие мерки се недоволни бидејќи ние сме светски шампиони во однос на релативниот број на активни случаи, изјави за медиумите имунологот и микробиолог Алојз Ихан, додавајќи дека стравува дека таквите благи мерки можат да бидат пат до „катастрофа“.

– Ова е одлука за безглаво стекнување имунитет преку ширење на вирусот, рече Ихан, додавајќи дека Словенија се однесува како владата во Велика Британија, каде, како што предупредува, значително повеќе луѓе се вакцинирани отколку во Словенија, така што тоа може да се оправда.

– Кај нас, практично сите се во ризични контакти секој ден додека извршуваат животни активности, предупреди Ихан, додавајќи дека потребни се порадикални мерки наместо „да скокаме од третиот кат, надевајќи се дека ќе ги скршиме само нозете“, рече тој, алудирајќи на моменталната состојба.

Бројот на хоспитализирани лица се уште расте во земјата, па во болниците во моментов има 843 пациенти, од кои 186 се на одделенијата за интензивна нега, додека 12 пациенти починале.

Просекот на потврдени инфекции во еден ден за последната недела е 2878, 14-дневна инциденца 1737.

Интересот за вакцинација во последните денови расте, но најмногу кај постарите лица кои доаѓаат по третата доза, така што вкупната популација ги примила потребните дози на вакцината е значително помала од прокламираните цели и стагнира на 53,3 проценти.

Поради алармантното зголемување на бројот на пациенти со Ковид и ограничениот капацитет на болниците, Министерството за здравство за денеска свика состанок со раководството на болницата и ја зајакна координацијата за да се обезбеди прераспоредување на потребниот здравствен персонал. Министерот за здравство Јанез Поклукар најави и можност за вклучување на студентите по медицина и учениците од средните медицински училишта во активностите за кадровско зајакнување на преоптоварените болници.