Западен Балкан силно ќе ги почувствува последиците од војната во Украина

Државите на западен Балкан силно ќе ги почувстуваат последиците од кризата предизвикани од руско-украинскиот воен конфликт и оваа година може да очекуваат повеќе од преполовен економски раста во споредба со оној од минатата 2021 година, приценува Светската банка (СБ – WB) во својата најнова анализа објавена во средата.

Аналитичарите на Светската банка потсетуваат дека растот на бруто домашниот производ (БДП) во државите во регионот на западен Балкан од Босна и Херцеговина до Албанија во 2021 година ја достигнал стапката од 7,4 отсто, што претставувало големо зголемување во однос на претходната одбележана од пандемијата на коронавирусот 2020 година кога БДП растек по стапката од 3,2 отсто. Минатата година и стапката на вработеност на западен Балкан пораснала на историски нависокото ниво одостигнувајќи 45,8 отсто.

Главниот придвижувач на растот бил извонредно силното закрепнување на потрошувачката, за што придонеле фискалните поттикнувања, ослободувањето на потиснатата побарувачка и ублажувањето на ограничувањата за движењата и патувањата.

Меѓутоа, сето тоа сега е ставено под знак прашалник поради последиците предизвикани од војната во Украина. Според сегашните проекции на аналитичарите на Светската банка, стапката на растот на западен Балкна во оваа 2022 година ќе изнесува 3,1 отсто.

Ширењето на судирот или долготрајната војна во Украина, би можело дополнително да ја отежнат глобалната трговија и да доведат до раст на џените на енергијата и храната. Ризиците по рефинансирањето може да се појават доколку продолжи трендот на неповолните услови на странските финансиски пазари.

Одржливоста на јавниот долг може да се појави како причина за загриженост, доколку веќе ограничениот фискален простор дополнително се стесни за да се одоговори на повисоките цени на енергијата и на храната со зголемување на трошоците за рефинансирање.

„Западен Балкан сега се соочува со нови предизвици чиешто влијание дополнително го отежнува војната во Украина, а меѓу нив се растот на цените на енергијата и на храната, високата инфлација и забавување на трговската размена и инвестициите“, вели Линда Ван Гелдер, регионалната директорка на Светската банка.

Предупредува дека пред владите на државите од регионот сега се исправа предизвикот за осмислување одговорна политиката којашто ќе осигури излегување од кризата и заштита на достигнувањето од 2021 година, особено важни за да се зачуваат резултати постигнати на планот на намалувањето на сиромаштијата.

Во Светската банка заклучуваат дека на западен Балкан не може да има одржлив раста без структурни реформи со цел да биде подигната продуктивноста, јакнењето на конкурњентноста, вложувањата во човековиот капитал и подобрувањето на управување.

Во постојното неизвесно опкружување растот би поттикнал мерките за намалување на регулаторните трошоци за стопанството, зголемување на пазарната конкуренција, потпора за учество на сите граѓани на пазарот на трудот и јакнење на неизвесноста на јавните институции.