Западни функционери го покренале со Киев прашањето за можни мировни преговори со Москва

Американски и европски функционери разговарале со украинската влада за тоа што можните мировни преговори со Русија би можеле да вклучуваат за да запре војната, цитира американската телевизиска мрежа NBC News неименуван висок американски функционер и еден поранешен функционер.

„Официјални лица од Соединетите држави и Европа започнаа (…) разговори со украинската влада за можните последици од мировните преговори со Русија за ставање крај на војната (…) Разговорите вклучуваа многу широки нацрт за тоа од што Украина можеби би требало да се откаже за да се постигне договор“, се наведува во прилогот на NBC News.

Некои од таквите дискусии се одржале во октомври во текот на состанокот на ткн контакт група за Украина.

Според NBC, американските и европските функционери се загрижени дека конфликтот, според нив, дошол во ќорсокак, Тие и, исто така, не се сигурни во нивната способност да му пружат дополнителна помош на Киев

„Официјални лица од администрацијата на (американскиот претседател Џо) Бајден, исто така, се загрижени дека Украина останува без сили, додека Русија се чини дека има бескрајни залихи“, додава NBC News.

Притоа се наведува за проблемите коишто Киев ги имал со регрутирање на составот на своите вооружени сили, како и протести во украинското општениество на неодамнешните најави за планови за уште една рунда мобилизација на резервниот состав.

Како што рекле соговорниците на телевизијата, западните функционери сметаат дека Украина има време само до крајот на годинава пред дискусиите за мировните преговори да станат поитни. Во таа смисла, рекле и дека НАТО може да му понуди на Киев извесни безбедносни гаранции и без Украина официјално да влезе во алијансата.

Во војната во Украина, којашто трае веќе 21 месец, се проценува дека загинале или се ранети стотици илјади луѓе на двете страни, а делови од земјата се разорени. Војната конечно на површина ја изнесе тлеечката најдлабока криза меѓу Русија и Западот од Кубанската криза во 1962 година.

Москва вели дека била присилена да ја започна она што го нарекува „специјална воена операција“ во Украина поради плановите на украинската војска воено да ја реши граѓанската војна започната по превратот во Киев во март 2014 година кога мнозинските руски региони на југоистокот, вклучително и црноморскиот полуостров Крим се отцепија поради законите коишто ги донесоа прозападните нови украински власти.

Покрај тоа, Москва вели дека тоа е нејзиниот изнуден одговор на сѐ поагресивното прибллижува на НАТО до самите нејзини граници и одбивањето на Алијансата и САД во декември 2021 година, три месеца пред нејзината инвазија врз Украина, на потпишување договор со кој ќе се гарантира безедноста на Русија со запирање на апсорирањето на нејзините соседни земји и поранешни советски републики во западните колективни блокови.

Западните земји ги отфрлаат таквите тврдења и велат дека станува збор за „руско империјално грабање земја“. Русија, според западни процени, во моментов контролира од 17,5 отсто од меѓународно признатата територија на Украина.

Киев изјавува дека сака да ја врати под контрола целата територија која во моментов ја контролира Русија, со целосно протерување на руските трупи. Моќно поддржувана од западните сојузници Украина, започна со офанзива на почетокот од јуни, но според сите процени на задните медиуми и аналитичари, не постигнала речиси никакво напредување на фронтот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.