Западните разузнавачи убедени дека Кина го криела избувнувањето на епидемијата

Кина смислено криела или уништувала докази за појавата на новиот тип коронавирус, пишува австралискиот весник Daily Telegraph повикувајќи се на досие направено на 15 страници, подготвено од западните разузнавачки агенции.

Според текстот во документот на кој се повикува весникот, разузнавачката алијанса тна „Пет очи“ (САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд, Кина „ги ставила во опасност другите земји“, криејќи секакви новиноси за коронавирусот, замолчувајќи ги лекарите кои зборувале за тоа кои „исчезнувале“. Во досието, исто така, се наведувало дека Кина ги уништила доказите за постоењето на коронавирусот во лабораториите и одбила да им осигури биоматеријали на научниците кои развиваат вакцина за овој коронавирус.

Се истакнува дека Кина уште на почетокот од декемри имала докази за пренесување на коронавирусот од човек на човек, но тоа „го негираше до 20-ти јануари“. Според споменатиот извештај, Светската здравствена организација (СЗО – WHO), исто така ги негирала овие информации, и покрај загриженоста која уште на 31-ви декември ја изразиле властите на Тајван. Во досието, исто така, се наедува дека на 3-ти јануари Националниот комитет за здравство на Кина наредил да се уништат примероците од коронавирусот и да се не објавуваат инфорамции поврзани со непознатото заболување.

Австралискиот весник пишува и дека во досието фигурира група научници под раководство на Ши Женгли од Институтот за вирологија во Вухан. Според западните разузнавачки информации, групата на Ши Женгли открила примероци од коронавирусот во пештера во провинцијата Јунан, во кои биле забележани впечатливи генетски сличности со коронавирусот кој ја предизвикува респираторната болест Covid-19. Исто така, биле пронајдени истражувања на групата за синтезите на коронаворусот добиен од лилјаците и кои не може да се лекуваат.

Се истакнува дека кога научничката дознала за појавата на коронавирусот, таа не можела да спие поради стравувањата дека епидемијата започнала од нејзината лабораторија, но подоцна се смирила, бидејќи според неа геномот на коронавирусот не се совпаѓа со оние вируси коишто таа ги проучувала.

Од своја страна, пак, американската телевизиска мрежа Fox News, повикувајќи се на висок американски функционер, пренесува дека споменатиот извештај целосно е во согласност со податоците до кои дошле американските разузнавачки агенции. Разузнавачката заедница на САД претходно седмицава објави дека не постојат докази дека коронавирусот е создаден во лабораторија или со генетски инженеринг.

„Иако американското разузнавање на го потврдува постоењето на 15-страничниот документ, високипозициониран функционер изјави за Fox дека извештаите за тој документ се во согласност со информациите на американското разузнавање, дека Кина занаела за преносот (на вирусот) од човек на човек пред да извести да извести за тоа, дека знаела оти станува збор за нов коронавирус порано отколку што објави за тоа, и оти вирусот бил пораширен отколку што Кина ѝ соопшти на меѓународната заедница во првите седмица од појавата“, се наведува во прилогот на Fox News.

Во статијата на весникот се забележува дека, сепак, постојат извесни разлики во заклучоците меѓу сојузничките разузнавачки служби. Поточно, Австралија смета дека вирусот се појавил на пазарот во Вухан, како што тврдат кинеските власти, а американската разузнавачка заедница, во која се вклучени 17 агенции, сѐ уште не донела конкретен заклучок за тоа и сѐ уште не е наклонета на оваа теорија. Околу 70 до 75 отсто од тие агенции се сигурни дека вирусот се појавил во лабораторијата во Вухан, додека останатите не се согласуваат со тоа, затоа што „не го гледаат чадот кој не постои без оган“.

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе извесен период изјавува дека Вашингтон ги разгледува верзиите дека новиот коронавирус потекнува од лабораториите во Вухан, и има намера да го утврди неговото вистинско потекло. Иако пред речиси два месеца изјави дека имал добар разговор со кинескиот претседател Кси Џипинг во врска со коронакризата, Трамп сега ѝ се заканува на Кина со последици доколку се покаже дека Пекинг намерно дозволил ширење на коронавирусот. Кинеското министерство за надворешни работи на овие закани одговори дека кинеската страна од самиот почеток имала отворена и одговорна позиција во однос на објавувањето податоци за епидемијата на коронавирусната инфекција.

Трамп, исто така, наложи и суспендирање на американското финансирање на СЗО, којашто според него не ги дала навремено информациите за коронавирусот, како и дека не ја известувала вистиното меѓународната заедница. Критиките на Трамп на адресата на СЗО беа искажани во атмосферата на тешката состојба со пандемијата во САД, која е водечка според случаите на инфекција со коронавирусот и бројот на смртните исходи како последица од него, како и обвинувањата против него самиот дека премногу дозна ги вовел мерките потребни за борба против епидемијата во САД.