Западните земји ѝ испраќаат воена помош на Украина, Германија се реши само за шлемови

Многу држави во саботата најавија испраќање воена помош на Украина на чија територија Русија во саботата ја продолжува офанзивата по еднодневното запирање на напредувањето и се приближува на главниот град Киев, а Германија повторно е жестоко критикувана бидејќи се реше само за испраќање на 5.000 шлемови.

Украина ја критикува Германија која од почетокот на кризата одбива да испраќа оружје, особено офанзивно.

Германската влада во петокот испрати 5.000 заштитни шлемови кои минатиот месец ѝ ги вети на укранската војска, ио тоа е засега единствената воена помош, јави во саботата агенцијата DPA. Испраќањето оружје засега не е на дневниот ред на владата во Берлин, имајќи предвид дека политиката на владата е да не испраќа оружје во зоните на конфликти.

Листата од барања за воена опрема која ја испратила украинската амбасада во Берлин веќе со седмици не се разгледува. Шлемовите биле на листата, а германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт нарече дека пратката е „многу јасен сугнал“ дека Германија стои крај Украина.

Украинскиот амбасадор во Берлин, Андриј Мелник, изјави дека „шлемовите не се дури ниту утешна награда“. Мелник поради слични изјави и претходно беше повикуван во германското министерство за надворешни работи.

Велика Британија во саботата вети дека ќе продолжи со испраќање офанзивно оружје за украинската војска, што е и една од причината за руската офанзива и „операција за демилитаризација и денацификација“ на Украина.

Министерот за британските вооружени сили Џејмс Хијапи изјави дека руските сили не го постигнале напредувањет на коешто веројатно се наедвале, бидејќи главните оклопни колони сѐ уште се на 30 километри оддалечени од Киев. Министерот не го зема предвид запирањето на напредувањето на руските сили во петокот во очеквуњето на украинскиот одговор на руската понуда за преговори.

Хијапи предупреди дека украинските бранители се соочуваат со „денови, седмици, месеци“ силни напади. Рече дека судирот во Украина ќе биде „брутален“ и дека „ќе видиме некои ужасните работи на нашите телевизиски екрани.

Американскиот претеседател Џо Бајден му наложи на Стејт департментиот во петокот да ослободи 350 милиони долари воена помош за Укрина.

Холандија и Чешка ќе упатат помош во оружје и муниција за Украина, објавија во саботата владите на двете земји, а Словенија поради ситауцијата во Украина го евакуира персоналот од амбасадата во Киев, но е подоготвена со оружје да ѝ помогне на уркаинска влада, а амбасадорот Томаж Менциј и натаму продолжува со своите дипломатски должноста како амбасадор.

Холандија на Украина што поскоро ќе ѝ испрати на Украина 200 протовзодушни ракети, а поради влошување на безбедносната стиација својот персонал во преселената амабсада во Лвов ќе го префрли преку границата во полскиот град Јарослав. На барање на Киев, Голандија ќе испрати ракето од типот „Stinger“.

Чешката влада го одобрила во сабота испраќањето на оружје и муниција во Украина во вредност од 8,57 милиони евра. Според министерството за одбрана, тоа вклучува автоматски пушки, јуришни пушки и друго лесно оружје. „Тоа не е крајот на нашата помош“, твиташе чешкото министерство за одбрана.

„На Украина овие денови ќе им намени шлемови, пушки и муниција. Сакаме Киев да може да се одбрани. Украина во овие клучни и тешки моменти мора да го издржи притисокот од Русија. Кога Украина би била поразена, тоа би значело нова Студена војна, војна во којашто Европа би платила висока цената“, изјави за телевизијата POP-TV словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин.