Западот го замрзна половина руско злато и девизи, односно 300 милијарди долари

Западните санкции замрзнаа околу 300 од вкупно 640 милијарди долари вредни руски резерви на злато и девизи. Руската централна банка соопшти дека има резерви од уште 132 милијарди долари во јуани и злато.

Сметајќи на можни финансиски и геополитички кризи, Русија ги зголеми своите резерви во јуани и злато на речиси половина од вкупните резерви, соопшти Централната банка.

Централната банка објави дека противмерките, кои следеа по замрзнувањето на руските средства на Запад, ги ограничиле плаќањата на компаниите од „непријателските“ земји.

Вредноста на западните инвестиции во руски компании се проценува на најмалку 134 милијарди долари, но таа бројка се уште не е конечна, бидејќи списокот на компании и вредноста на инвестициите во Русија не е комплетиран.

Истовремено, западни извори тврдат дека седум земји замрзнале руски имот во вредност од најмалку 284 милијарди долари.

Од јуни до јануари резервите под контрола на руската централна банка се зголемија од 585 на 640 милијарди долари, но засега не се знае каде се тие 55 милијарди долари.

Исто така, не е јасно како овие мерки и контрамерки ќе се одразат на фактот дека Русија во март ќе добие околу 140 милиони долари обврски кон западните финансиски институции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.