Западот наскоро може да го принуди Зеленски на примирје со Русија, сметаат аналитичари

Северноатлантската алијанса може наскоро да ја принуди Украина да склучи мировен договор со Русија, доколку челниците на воените сојуз ги „загубат нервите“, пишува меѓу другото во својата анализа експертот на CNN, Ник Патон Волш.

„Трпението на НАТО може да доведе до завршување на испораките на оружје (во Украина). Тоа ќе нѐ принуди да бараме економска изводливост за сметка на долгорочната безбедност и да инсистираме на мир кој ќе биде неповолен за Киев“, се вели на статијата на Волш.

Од почетокот на својата инвазија во Украина, а на Западот сѐ почесто последните месеци може да се слушнат слични процени за намалување на резервите на националните армии на земјите членки на колективниот безбедносен систем поради испораките, Русија предупредува дека испораките на модерни видови оружје за украинската војска во износи од повеќе десетици милијарди долари, како и масовното испраќање илјадници редовни војници на западните војски како доброволци на боиштето, само ја продолжува војната.

Минатата седмица портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека трупањето оружје во Украина од страна на Западот „не придонесува за преговарачкиот процес“ и оти тоа ќе има „негативен ефект“.

Според пресметките на западните медиуми, само воената помош на САД за вооружените сили на Украина од почетокот на руската инвазија на 24-ти февруари 2022-ра се проценува на околу 50 милијарди долари.

Кремљ кон средината на декември порача дека Москва не примила никакви предлог за ткн „Божикно примирје“ на боиштето во Украина, па така, иако на Западот се смета дека зимата ќе го стивне интензитетот на борбите, сѐ поизгледно е дека борбите ќе продолжат и во текот на зимата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно повика Русија да започне со повлекување на војските до Божик, што би било прв чекор во запирање на војната, откако претходно донесе декрет со кој Киев нема да води никави преговори со Москва додека на власт таму е Владимир Путн.

Истовремено, потполковникот на американската армија Даниел Дејвис во колумна за порталот 19Fortyfive, забележува дека американскиот претседател Џо Бајден на неодамнешната средба во Вашингтон го премолчил одговорот на украинскиот колега по должност Володомир Зеленски за снабдување на украинската војска со што е можно повеќе оклопни возила.

„Очигледно откако Зеленски си замина од Вашингтон а Бајден премолчи за испраќањето повеќе од една батерија (на системот за противвоздушна одбрана) ‘Patriot’, какви и да се испораки на тенкови, оклопни транспортери и стотици артилериски оружја“, пишува Дејвис.

Според него, анализира на активностите на САД и на НАТО покажуваат дека Западот се обидува да избегне директен воен судир со Русија, којшто би можел светот да го фрли во бездната на нуклеарна војна.

„Тоа е правилниот пристап и имам пофалби за Белата куќа за нејзината разумна воздржаност“, додава Дејвис.

Зеленски претходно во декември престојуваше во посета на Вашингтон, каде беше примен во Белата куќа на разговори со Бајден а потоа се сретна и со челниците на американскиот Конгрес. Истовремено беше објавена потврдата за новиот пакет воена помош од САД за Киев во износ од дополнителни 1,85 милијарди долари, којашто меѓу другото го вклучува и скапиот напреден систем за противвоздушна одбрана „Patriot“ чијашто вредност се проценува на 1,1 милијарда долари.