Западот наскоро нема да може да управува со глобалната економија, оцени Лавров

Западните земји наскоро ќе ја изгубат способноста да управуваат со светската економија, изјави во понеделникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на брифингот со уредништвата на руските медиуми.

Шефот на руската дипломатија потсетил дека Русија, како и остатокот од светот „премногу длабоко“ се вовлечени во моменталниот систем на глобалната економија,

„Речиси сите земји во повоениот период, кога тие инструменти и механизми сѐ уште се сметаа за ветувачки и дека го одговараат на балансот на интересите на сите држави, но процесот од сфаќањето на ризиците и заканите кои произлегуваат од таквата зависност е многу, многу активна. Ве уверувам дека во блиска иднина ќе видиме намалување на способноста на Западот, многу сериозно намалување, да ја насочува светската економија по сопствена желба. И сакал или не, ќе мора да преговара“, рекол Лавров.

Шефот на руската дипломатија истакнал дека Западот ги прекинал речиси сите односи со Русија. Според него, Москва има со кого да соработува во економската и сферата на социјалата, во културата и спортот.

„Како што повеќепати нагласивме, нема да трчаме по Западот (…) И ќе се фокусираме на оние кои никогаш не нѐ изневериле. И со коишто понекогаш сме достигнувале многу тежок компромис, но кога беше постигнат, никогаш немаше измами. Со Западот сѐ е токму спротивното“, го цитира агенцијата РИА шефот на руската дипломатија.

Лавров појаснил дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден посакува во реалниот живот да се случи „крајот на историјата“ од делата на филозофот Френсис Фукујама, односно сценарио за целосна доминација на либералната идеологија во светот.

За да го направат тоа, како што истакнал Лавров, Вашингтон бара од секоја држава да заземе антируска позиција, да се приклучат на санкциите и да не комуницираат со руските претставници.

По почетокот на руската инвазија во Украина, западните земји го засилија притисокот со санкциите воведени во 2014 година врз Русија, ослабувајќи некои од нејзините сектори, во прв ред енергетскиот и технолошкиот. Но, истовремено, поради глобалната поврзаност санкциите предизвикаа и повратен ефект со рекордни зголемувања на цените на енергенсите и храната поттикнувајќи рекордни инфлации во повеќе децении, што се одразува и на социјални превирања во САД и Европа.

Неодамна рускиот претседател Владимир Путин истакна дека политиката на сузбивање на меѓународните активности и слабеењето на Русија е долгорочна стратегија што ја спроведувал Западот, а рестриктивните мерки нанеле сериозен удар на целата глобална економија. Според него, главната цел на САД и нивните сојузници е да ги влошат животите на милиони луѓе.