Западот повторно ја обвинува Кина, но и СЗО, за наводно забошотување на епидемијата во Вухан

EPA-EFE/YUAN ZHENG CHINA OUT

Повеќе од сто политичари, научници и активисти од Европа, Австралија и САД потпишаа отворено писмо во коешто ја критикуваат Комунистичката партија на Кина поради наводно „забошотување“ на димензиите на епидемијата од коронавирусот во градот Вухан.

Потписниците на писмото, коешто во вторникот е објавно во Hong Kong Free Press, издаение од поранешната британска колонија која во 1997-та се врати во земјата матица и кое е остро критички настроено кон владата во Пекинг, укажуваат на „културата на страв“, поради којашто, според нив, биле премолчувани во јавноста клучните информации за борбата против коронавирусот.

Во писмото коешто го потпишале челнови на разни национални парламенти, членови на тинк-тенк групи и универзитетски професори, се наведува дека „изворите на пандемијата се наоѓаат во забошотувањето на комунистичките власти во Вухан, во покраината Хубеи“, што „под влијанието на Комунистичката партија на Кина и Светската здравствена организајција (СЗО)“ во прв момент го намали значењето на вирусот.

Повикувајќи се на искази на лекари, научници и новинари, кои не се совпаѓаат со наративот на официјален Пекинг, авторите на писмото тврдат дека „замолчувањето на свиркачите, како др Ли Венлианг (кој почина од коронавирусот – з.р.) директно придонело за ширењето на епидемијата“.

„Глобалната пандемија нѐ принудува да се соочиме со болната вистина: политизирањето на сите апсекти на животот, вклучително и здравјето на луѓето, долготрајната автократска еднопартиска власт во Народна Република Кина го загрози секој“, се истакнува во писмото.

Потписниците ги фалат поединци кои ја критикувале Комунистичката партија на Кина, меѓу кои и некои новинари, за кои велат дека некои од нив наводно исчезнале или се наоѓаат во куќен притвор.

На почетокот на април повеќе од сто врвни кинески научнции ојавија отворено писмо намерено на „бројните критички гласови коишто ја политизираат пандемијата од Covid-19“. Овие начници тврдат дека точниот извори на ширењето на вирусот „сѐ уште сигурно позна“ и оти всушност тој е „неважен“, како и дека фокусирањето на потеклото на Covid-19 претставува „покажување со прстот и политизирање“.