Зaпадот се подготвува за црно сценарио, граѓаните во Германија остануваат без топла вода

Властите во Хамбург, вториот по големина град во Германија, по Берлин, предупредија дека можеби ќе бидат принудени да ја рационализираат потрошувачката на топла вода бидејќи енергетската криза поврзана со руските енергетски извори предизвикува хаос.
Јенс Керстан, градскиот сенатор за животна средина, изјави за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ дека Хамбург може да ја ограничи достапноста на топла вода во одредени периоди од денот „во случај на акутен недостиг на гас“, пренесува Business Insider.

Керстан предупреди дека покрај потенцијалното рационализирање на топла вода, Хамбург може да размисли и за намалување на максималната собна температура во мрежата за централно греење.

Тој, исто така, вели дека, доколку има недостиг на гас, техничките причини би значеле дека нема да може да се направи разлика меѓу комерцијални и приватни клиенти во Хамбург.

– Ние сме во многу полоша криза отколку што мислат повеќето луѓе – рече Керстан во друго интервју за Хамбургер Абендблат во неделата. Тој ги повика граѓаните да се тушираат пократко, да избегнуваат капење и да постават модерни термостати и тушеви за заштеда на вода.

– Колку повеќе штедиме сега, толку подобра ќе биде ситуацијата во зима, бидејќи магацините ќе бидат пополни – изјави тој за Хамбургер Абендблат, зборувајќи за намалувањето на побарувачката на природен гас.