Запален автомобил на Агенцијата за примена на јазиците

44

Утрово било пријавено за запалено возило „мерцедес“ во селото Визбегово, сопственост на Агенцијата за примена на јазиците. Од МВР информираат дека пожарот е изгаснат и е извршен увид.

-Утрово околу 03:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, Скопско, настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Агенција за примена на јазиците, кое било паркирано во близина на влезната врата на куќата на И.С.(43), се наведува во соопштението на Министерството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.