Запален автомобил на паркингот на „Зебра“ (ФОТО)

Луксузен автомобил марка „БМВ“, е запален на паркингот на трговскиот центар „Зебра“,  утрово околу 2 часот.

„Во СВР Скопје, околу 2 часот синоќа било пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ настанал пожар на патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје. Повредени лица нема. Увидот е во тек“, информираа од МВР.

Изминатиов период, прилично често се случуваат вакви ситуации со опожарување на возила, не само во Скопје, туку и во другите делови од државава.