Запален автомобил на пратеник на СДСМ

Запален е автомобилот на прилепскиот пратеник од редовите на СДСМ, Хари Локвенец. Инцидентот се случил вчера околу 23 часот, потврдуваат од полицијата.

Изгоре возило „мини купер“, сопственост на таткото на пратеникот. Кратко пред да се случи инцидентот, објавени беа фотографии од потпишувањето на договорот за името со Грција во Преспа, каде присуствуваше и тој.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.