Запален центар за лекување од Ковид-19 во Брегот на Слоновата Коска

Разбеснети граѓани го уништиле штотуку изградениот центар за лекување од новиот коронавирус во Абиџан, економски центар во Брегот на Слоновата Коска, стравувајќи од ширење на заразата во нивниот кварт.

Напаѓачите ги запалиле и ограбиле шаторите и структурите на времениот центар за лекување, кој е подигнат синоќа, изјавија очевидци.

Полицијата се обидела да ја растера толпата со солзавец, но гневните луѓе не се откажале од намерата.

Тие извикувале „Ние не сакаме“, истакнувајќи дека не сакаат пациенти заболени од коронавирусот во својата населба, со цел да не се прошири инфекцијата.

Во Брегот на Слоновата Коска има 261 потврден случај на заразени со Ковид-19 и тројца починати.