Запалени автомобили во Скопје и во Битола

(Архивска илустрација)

Во два одделни случаи, во Скопје и во Битола, ноќта кон петокот се запалени два луксузни автомобила, информираше Министерството за внатрешни работи во редовниот билтен.

На улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје опожарено било возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот скопјанец со иницијали И.С. Автомобилот бил запален целосно од воланот до задниот дел. Увид ќе се изврши во тек на денот.

Во Битола, на улицата „Питу Гули“ запален е автомобил „БМВ“ сопственост на Б.Р., кој инаку е починат. Пожарот го забележал граѓанин, кој додека седел дома најпрво слушнал пукање, а по кратко време и тап удар по што забележал дека возилото е во пламен и пријавил во Територијалната противпожарна единица.

Оштетени се хаубата, покривот, двете предни врати, сите стакла и целата внатрешност на возилото. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.