Запалени уште две католички цркви во Канада

Уште две католички црвки се запалени во саботата на западот на Канада, во областите каде живее автохтоно население, со што бројот на опожарените црвки се зголеми на четири по откривањето на масовни гробници со стотици жртви во близина на поранешните интернати во покраината Британска Колумбија, со кои кои во почетокот управувала Римокатоличката црвка во Канада.

Според извештајот на канадската телевизија CBC, станува збор за два верски објекта – црквите на света Ана и црквата Чопака главно од дрвена граѓа, кои биле запалени во саботата рано утрото по локално време во интервал од нецел час, и кои изгореле до темел до пристигнуваето на пожарникарите. Во сите случаи е утврдено дека станува збор за подметнати пожари, но сторителите сѐ уште не се откриени. Властите проверуваат дали постои поврзаност меѓу саботните пожари со оние кои се случуја на 21-ви јуни во црквите во Пентиктон и Оливера, објави полицијаа.

Пожарите се случуваат два дена откако е објавено дека се пронајдени повеќе од 750 неодбележани гробови на локација на поранешен интернат за асимилација на домародното население во Маривал, со кој управувала Католичката црква во провинцијата Саскачеван. Кон крајот на мај, пак, беа откриени останки од 215 малолетни индијански деца на територијата на интернатот „Kamloops Indian Residential School“ во провинцијата Британска Колумбија, затворен во 1978 година а нивните останки беа пронајдени со помош на специјален радар.

Овие вести ја шокираа канадската јавност, којашто бара од властите да се спроведат слични истражувања и ископувања на територијата на сите поанешни воспитни установи во кои биле носени децата на автохноните народи. Училиштата главно ги воделе католичката и протестантската црква во името на државните власти, од 1840-те па сѐ до 1990-те години.

Станува збор за 150.000 деца кои со сила биле одвојувани од нивните семејства и биле сместувани во интернатитите ширум Канада, вкупно 139 кои се затворени конечно во 1996 година. Многу од децата биле тормозени и сексаулно злоставувани и здравствено запоставувани, а повеќе од 4.000 умреле во тие институции, утврдила истражната комисија којашто заклучи дека тоа бил „културен геноцид“.

Во 2008 година канадската влада официјално се извини поради споменатиот систем. Домародната заедница соопшти дека до стредината на овој јуни очекува прелиминарни резултати од истрагата. Во петокот канадскиот премиер Џастин Трудо во петокот се извини поради таквото постапување кон домародните народи, и го повика папата Франциск да го стори истото и не исклучи можност од кривична истрага, иако не е јасно кон кого таа би се водела и како евентуално би бил санкциониран виновникот. Трудо за ова црно петно од канадската историја првпат се извони во 2017 година официјално им се извини на староседелците за страдањата во овие училишта. Владата тогаш, исто така, се согласи за исплати отштета во висина од 800 милиони канадски, односно 638 милиони американски долари.

Во 1876 година, во време на владеењето на премиерот Џон Мекдоналд во Канада е донеен Актот за староседелците, кој особено содржел одредба за заплена на земјиштата на домародните народи за потребата на федералната влада. Во 1884 година биле издвоени финансиски стимулации за создавање специјални училишта кои ги нарекувале „интернати“. Во тие училишта-интернати биле присилно носени домородните деца со образложение за воспитување за да се интегрираат во канадското општество.