Запалени возила на екс пратеничка на СДСМ

Утрово во 5.25 часот во полиција е пријавено дека во Штип на улицата „Борис Крајгер“, се опожарени две возила, „пасат“ сопственост на Н.Т. (32) и М.Т (63) и уште едно возило „опел астра“ во сопственост на О.М. (61).

Неофицијално, двата пасата се на таткото и на братот на екс пратеничката од редовите на СДСМ, Маринела Тушева, сопруга на советникот на премиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ.

Извори за Нетпрес велат дека станува збор за внатрепартиска пресметка. Никола Тушев, братот на Маринела, беше поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Штип, и повеќе патти е посочуван како проблематичен лик во партијата.

Тој од сопартијците беше обвинуван и дека ја разнишал партијата на општинско ниво  луксузирајќи се заедно со градоначалникот Благој Бочварски по ноќните клубови, а бил и приведуван за лажно претставување.