Запленет над еден тон кокаин во Франција

Во пристаништето Ле Авр во Франција запленет е повеќе од еден тон кокаин, соопштија царинските власти. Како што се наведува, тоа е најголема заплена на кокаин до сега во Франција.

Вредноста на запленетата дрога изнесува повеќе од 74 милиони евра.

Бродот од Еквадор во Франција пристигнал преку белгиското пристаниште Антверпен.

Француските царинарници во 2018 година запленија вкупно 12,2 тони кокаин, што е за 32,6 отсто повеќе во споредба со 2017 година.