Запленета марихуана во струшко, приведен дилер од Албанија

Македонската полиција во средата на патот меѓу струшките села Вишни и Горна Белица од автомобил со гостиварски регистарски таблички запленила марихуана и приведе дилер на дрога од соседна Албанија.

„Вчера околу 11:30 часот полициски службеници од ПС за ГН-Франгово, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот помеѓу селата Вишни и Горна Белица запреле патничко моторно возило „форд фокус“ со гостиварски регистарски таблички, сопственост на А.С. (41) од гостиварското село Лакавица, управувано од Ф. Ц. (20) од Р. Албанија, а во возилото биле и Б.Л. (34) и Т.Е. (26), двајцата од Р. Албанија. При преглед на возилото и лицата, била пронајдена марихуана што му припаѓала на Ф.Ц“, информираат од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица, а Ф. Ц. е задржан за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство