Запленета рекордна количина марихуана во охридско, шверцерот избегал со кајче

Синоќа околу полноќ, на стариот пат од Охрид за Струга близу местото каде што реката Сатеска се влева во Охридското Езеро, запленети се близу 200 килограми марихуана. Лицето кое ја носело дрогата со кајче успеало да избега, полицијата вели трага по него.

Според првичните сознанија, дрогата најверојатно со чамец била донесена од Албанија и кога требало да биде истоварена на струшкиот брег лицето што ја превезувало било забележано од полициски службеници и избегало.

Ова е најголемата количина марихуана запленета во Охридско-Струшкиот Регион.