Запленети 1.240 килограми марихуана во Бутел

При полициска акција, вечерва во магацин во скопската населба Бутел откриени се 12 палети со 1240 килограми марихуана, спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи.

Уапсено е едно лице против кого ќе биде поднесена кривична пријава.
Истрагата е во тек.