Запленети 10 килограми марихуана, пиштол и муниција во Сингелиќ

Полицијата притворила две лица од скопско Сингелиќ А.В (74) и С.В (45) откако во нивниот дом пронашла и запленила 10 килограми марихуана.

– Во текот на денешниот ден, по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории каде живеат А.В. и С.В., на подрачјето на Синѓелиќ, при што пронашле повеќе пакувања со поголема количина на марихуана (околу 10 кг), неколку шишиња со хашишово масло, еден пиштол „Црвена застава“ со две рамки и 57 куршуми – велат од МВР.

По документирање на случајот, против двете лица до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела предвидени и казниви по чл.215 и по чл.396 од Кривичниот законик.