14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Запленети 11,5 тони кокаин во Белгија, вреден над 450 милиони евра

Белгиското сојузно државно обвинителство денес извести дека во контејнер од Гвајана е запленета „рекордна“ количина, 11,5 тони чист кокаин, како дел од акцијата против криминална организација.

Дрогата е откриена како дел од белгиската судска истрага отворена кон крајот на 2019 година по заплената на 2,8 тони кокаин. Истрагата овозможила да се разбие меѓународна криминална организација „добро организирана, која е осомничена за редовно снабдување на големи количини кокаин од Јужна Америка во Белгија“, се вели во соопштението на државното обвинителство.

Тие објавија дека на 1 октомври околу 30 лица биле уапсени во Белгија, Холандија и Шпанија по претрес на 70 станови и куќи. Меѓу нив, 22 сеуште се во притвор и запленети се скоро 3 милиони евра.

Истрагата открила дека уште една пратка кокаин била на пат од Јужна Америка. Сомнителните контејнери биле пренесени со брод до белгиското пристаниште Зебриг, од каде со бродот биле доставени до Антверпен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.