Запленети 12 шишиња вотка на Табановце

Во петокот на граничниот премин Табановце, полицијата во редовна контрола сопрела возила од марката „Мерцедес Вито“ управуван од 58 годишниот Е.Ш. од Германија.

При извршен преглед во автомобилот била пронајдена поголема количина на акцизна стока и тоа десет пакети по 12 шишиња вотка „Корона“ од 0,5 литри, девет шишиња коњак „Мане“ од 0,5 литри и едно шише вотка „Империјал Голден Сноу“ од 0,7 литри.

Лицето со возилото и акцизната стока биле предадени на Царинска испостава на ПС за ГП „Табановце“, од чија страна на лицето ќе му биде поднесен соодветен поднесок.