Запленети 300 килограми марихуана во Тирана

Албанската полиција во Тирана заплени 300 килограми марихуана. Полицијата уапсила пет албански државјани, на возраст од 19 до 29 години, меѓу кои има и една девојка.

Дрогата е откриена и запленета во комбе, соопшти албанското Министерство за внатрешни работи.

Според оперативните сознанија, марихуаната била наменета за нарко пазарите во Тирана.