Запленети 46 килограми марихуана, дилерот приведен

Тетовец чувал 45 килограми марихуана во шупа, информираше МВР.

Станува збор Н.И.(54) кој бил уапсен вчера и проти него ќе биде поднесена кривична пријава.

Вчера во периодот од 12 до 22.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес, најпрво во дом и помошни простории на Н.И, лоцирани на улица Михајло Рајчевиќ во Тетово, а потоа и во објект- мала куќарка на улицата 29 Ноември, исто така, негова сопственост. При првиот претрес, реализиран со судска наредба, на кој присуствувал и јавен обвинител, во една од собите е пронајдено над еден килолграм марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети, кои се фото и видеодокументирани, и подигнати за вештачење. Во вториот претрес, во малата куќарка, пронајдени се околу 45 килограми марихуана, набавена, според Н.И, од лице од Република Албанија, велат од МВР.

Осомничениот е уапсен и задржан во Полициската станица Тетово. Во текот на денов ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.