Запленети цигари со македонски акцизни маркички на ГП Прешево

145

Српските цариници синоќа спречиле обид за криумчарење 460.800 цигари во вредност од 23 илјади евра на граничниот премин Прешево, на македонско – српската граница.

Како што соопштува српската Царинска управа, цариниците во соработка со полицијата при влез во Србија ги запленила цигарите од кои дел биле со македонски акцизни маркички, а дел биле без акцизни маркици.

Цигарите се откриени во камперско возило со германски регистарски ознаки, управувано од германски државјанин со потекло од Босна и Херцеговина. При царинската контрола не пријавил ништо, но при детален преглед на возилото под задниот браник се пронајдени околу 20 штеки цигари, се наведува во соопштението.

Преостанатата количина цигари била скриена во просторот под туш кабината, под патосот и под креветот во задниот дел на возилото, каде бил направен и специјален бункер наменет за криумчарење.

Против германскиот државјанин е покрената прекршочна постапка, а цигарите и возилото се привремено задржани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.