Запленети два тони кокаин сокриени во банани

Холандската полиција во пристаништето во Ротердам запленила над два тони кокаин, кои биле сокриени во контејнер со банани од Еквадор.

Запленето е 2.020 килограми кокаин, чија вредност се проценува над 151 милиони евра, соопштиле властите. Дрогата е пронајдена во пратките банани од Еквадор, кои биле наменети за унгарска компанија, соопштило обвинителството.

Во соопштението е напоменето дека таа компанија веројатно нема врска со шверцот на дрога.

Службениците на царинската управа на пристаништето во Ротердам минатата година заплениле вкупно 38 тони кокаин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.