Запленети марихуана и канабис на прилепски дилер

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Н. (53) од Прилеп поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 КЗ на РСМ.

По добиени оперативни сознанија дека пријавениот се занимава со нелегално производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана, на 2 септември со наредба за претрес на дом и други простории извршени се претреси во домот на пријавениот во Прилеп и во викенд-куќата во местото Кишовица. При извршените претреси, во викенд-куќата и во дворот се пронајдени марихуана и 59 стебла канабис.

Судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп на Т.Н. му определи мерка притвор од 30 дена.