Запленети над 100.000 петарди за една недела

Во три контроли спроведени минатата недела полицијата запленила над 100.000 разни пиротехнички средства.

Според информациите сите заплени биле во Скопје, а петардите се откриени во автомобили.

Дека станува збор за голема заплена на пиротехнички средства говори и фактот дека минатата година биле запленети околу 250.000 петарди, додека оваа година само за една недела е реализирана заплена за речиси половина од вкупниот број запленети петарди минатата година.

Од МВР повеќе информации за запленетите пиротехнички средства ќе соопштат во текот на денот.