(ВИДЕО) Запленети над 35 кг високо квалитетна марихуана

Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинска управа запленети над 35 кг марихуана по потекло од Албанија. Со ова се пресече меѓународен канал од Албанија преку Македонија – Грција со крајна дестинација земјите од Западна Европа.

Во текот на вчерашниот ден преземени се мерки и активности од страна на Министерството за Внатрешни работи и Царинска Управа на РМ на ГП Богородица, на излез од Р.Македонија извршен е преглед и претрес над ПМВ “Пежо Партнер” со грчка регистарска ознака управувано од З.Р.(32) албански државјанин, а со цел полесно пронаоѓање на наркотична дрога од страна на царинските службеници употребено е службено куче – трагач на наркотична дрога кое што при обиколката на возилото реагирало на задниот дел од возилото.

По извршениот претрес на возилото, при што во задниот дел предвиден за багаж, пронајден е специјално изработен бункер во кој биле сокриени 35 пакувања обвиткани со кафеава селотејп трака исполнети со непозната растителна материја – марихуана и еден пиштол марка Црвена Застава ТТ и рамка со 7 куршуми кал.7,62 мм. Одземената растителна материја е предадена во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР на РМ заради понатамошно вештачење, при што е утврдено дека се работи за 36.300 грама марихуана со висок квалитет. Запленетата марихуана при продажба на нарко пазар би достигнал цена од околу 100.000 евра.

Од страна на МВР на РМ до Основното јавно обвинителстви Велес против З.Р. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи„. Во текот на денешниот ден пријавениот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.
Министерството за внатрешни работи презема дополнителни мерки и активности за обезбедување на докази за други лица евентуално инволвирани во случајот.