Запленето најголемо количество марихуана во историјата на Шпанија

22

Полицијата во реонот на шпанскиот град Барселона денеска откри 2.700 килограми марихуана наменети за нарко пазарите во Велика Британија и Холандија, што претставува досега најголема заплена на овој наркотик во историјата на Шпанија.

Како што соопштува шпанското Министерство за внатрешни работи, при акцијата за заплена на дрогата се уапсени 25 лица осомничени за шверц на наркотици.

Марихуаната била произведувана и преработувана во реонот на Барселона, од каде потоа со камиони била пренесувана во Велика Британија и Холандија.

Шпанската полиција смета дека со криминалната нарко група раководеле британски и холандски шверцери на дрога.

Skin Delight