Запленето речиси половина тон кафе во обид за нелегален внес во Македонија

Во саботата попладне македонската полиција по претрага на терен во близина на границата со Албанија пронашла осум вреќи со необработено кафе со вкупна тежина од 480 килограми, откако претходно лицата кои го пренесувале товарот на нелегален начин се ослободиле од него и пребегнале од македонската територија.

На 28.11.2020 во 18.20 часот, при преземање службени дејствија во близина на државната граница со  Албанија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато забележале три лица, кои откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство на територија на Албанија, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.