Започна годишното обраќање на Путин пред Парламентот

63

Започна годишното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин пред Парламентот. Денешното годишно обраќање се совпаѓа со денот на кој се одбележуваат 20 години од создавањето на сегашниот Устав на Русија, пренесуваат локалните медиуми.

Во говорот „За состојбата на нацијата“, Путин изјави дека Москва треба да ја поддржи желбата на граѓаните, политичките партии да учествуваат во животот на земјата.

„Денес во системот на локалната самоуправа има многу проблеми. Локалните власти ги тресат корупциски скандали“, изјавил Путин во почетокот на говорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.