Започна хаџот во Мека, со строги мерки поради пандемијата на коронавирусот

Муслиманските аџии го започнаа во средата хаџот во светиот град Мека, кој годинава ќе се одвива со многу намален број на учесниците поради пандемијата од Covid-19.

Само неколку илјади луѓе добиле одобрување за хаџот за најголемото муслиманско светилиште, во однос на вообичаените 2,5 милиони исламски верници од целиот свет.

Годинава само Саудијци и странци од 160 земји, кои веќе живеат во оваа сунитска монархија, добија одобрување за аџилакот.

Меѓународните летови кон и од Саудиска Арабија се во прекин од март. Саудиската монархија потврди повеќе од 270.000 случаи на зараза со коронавирусот.

Обредите на хаџот го опфаќаат кружењето околу Каба, светиот камен поставен среде Големата џамија во Мека, кој аџиите го обиколуваат седум пати во насока на движењето на стрелките на часовникот. Исто така, во брз од се движат меѓу двата историски рида кои се нарекуваат Сафа и Мерва.

За да се задржи физичкото растојание, аџиите одат годинава пратејќи ги знаците поставени на земјата, мерка воспоставена поради пандемијата. Исто така, ќе мора да носат чадори за да се заштитат од летните горештини.

Пред самиот хаџ, аџиите минаа една седмица во изолација во сопстените домови и уште четири дена во изолација во Мека, во рамките на строгите мерки кои ги наметнаа саудиските власти за да го спречат ширењето на коронавирусот меѓу аџиите. Аџиите ќе ја минат ноќта во долината Мина пред да заминат кон 20 километри оддалечениот рид Арфат, каде во четврток ќе се одржи кулминацијата на хаџот.

Меѓу илјада и десет илјади аџии кои живеат во Саудиска Арабија учествуваат во хаџот, спроед податоците на властите и саудиските медиуми. Минатата година учествуваа 2,5 милиони аџии од целиот свет.

Аџиите пред почетокот на аџот се прегледани и одреден им е карантин по доаѓањето во Мека овој викенд. Нивниот багаж е дезифициран, според снимките емитувани на државната телевизија. Некои добиле електронски нараквици со кои се следи нивното движење.

Тимови ја чистеле и дезинфицирале околината на Каба и спротивно на обичаите, поради короанвирусот нема да смеат да ја допираат Каба.

Саудиските власти на теренот распоредија пет мобилни клиники и амбуланти.

Во карантин аџиите ќе мора да одат и по завршување на аџот. Сите добиле комплети стерилизирани камнлиња за ритуалното каменување на Сотоната, средства за дезинфекција, заштитни маски, молитвен тепих и белото здолниште „ихрам“ кое мора да го носи секој аџија во текот на обредот.

Годинава на странските медиуми не им доволено следењето на хаџот.