Започна новиот круг од преговорите меѓу САД и талибаните

Претставници на САД и на радикалното авганистанско движење Талибан го започнаа новиот круг од преговорите во обидот да изнајдат политичко решение за седумаесетгодишната војна во Авганистина, потврди ноќта кон петокот портпаролот на исламистичката мрежа.

Генералот Остин Скот Милер, командант на силите на НАТО во Авганистан, исто така, учествива на преговорите, потврдил талибанскиот портпарол Забуила Муџахид.

Во средата, пред да отпатува за катарската престолнина Доха, американскиот специјален претставник за Авганистан, Залмај Кализад на Twitter напиша дека „подготвени сме (за договор). Ќе видиме дали и талибаните се“.

Новиот круг од преговорите почнува набрзо откако во средата беа убиени двајца припадници на американскиот персонал во Авганистан.

Американскиот Стејт департмент соопшти во средата дека по средбата со талибаните во Доха, Калилзад ќе патува во Авганистан, каде што ќе се „консултира со водството на авганистанската влада за мировниот процес и ќе поттикне целосна подготовка за внатрешните преговори меѓу владата и талибаните“.

Пред одржувањето на претходниот круг од преговорите претходно во август, талибаните соопштија дека имале „долги и корисни разговори“ со САД. Двете страни од минатата година се во обид да најдат политичко решение за конфликтот кој стана најдолгата војна која ја воделе САД.