Започна судскиот процес против „Дурмо Турс“ поради несреќата кај Ласкарци

Денеска во Кривичниот суд во Скопје започна судењето против превозникот „Дурмо Турс“, поради несреќата кај Ласкарци, при што загинаа 16 патници, пренесува „Порталб.мк“.

Случајот го застапува скопскиот основен обвинител Дарко Јакимовски, а судии се Дијана Груевска-Илиевска, Александра Ристеска и тројца други судии.

Во воведното обраќање, обвинителот Јакимовски рече дека било само прашање на време кога несреќата ќе се случи, бидејќи биле насобрани голем број дефекти кои не се спонтани.

„Дејствата на обвинетите се директно поврзани со последиците кои резултираа со смрт на 16 лица, патници во автобус и 38 други лица кои претрпеа сериозни телесни повреди. Овој настан е збир на голем број пропусти кои не се спонтани“, рече Јакимовски.

Тој додаде дека само во 2019 година, при техничките прегледи, биле откриени 80 неправилности.

„Никогаш не се случило автобусот да помине техничка контрола поради технички неправилности. Само во 2019 година имало неправилности во 80 автобуси кои биле во техничка контрола“, рече Јакимовски.

На рочиштето, на клупата на обвинети се сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, Ремзи Мифтари вработен во „Дурмо Турс“, машинскиот инженер вработен во станицата за техничка контрола, Игор Ѓoрѓиевски , Горан Дуковски, Јане Боваровски и Маноил Трифуновски. Тие се изјаснија дека се чувствуваат невини за несреќата, во која животот го загубија 16 лица, а 38 други беа повредени.

Во овој предмет се обвинети шест лица, осомничени дека сториле кривични дела против безбедноста на лицата и имотот во сообраќајот.

Двајцата раководители на компанијата се обвинети за сторено кривично дело – сериозни престапи против безбедноста на лицата и имотот во сообраќајот.

Кривично се товарат уште тројца вработени во станицата за техничка контрола – тие се обвинети за сериозни престапи против безбедноста на лицата и имотот во сообраќајот. И возачот на автобусот, кој возел на 13 февруари 2019 година, е обвинет дека го сторил делото – сериозни престапи против безбедноста на лицата и имотот во сообраќајот.

Следното рочиште продолжува на 16 септември.