Започна тестирањето на руската вакцина врз ризичните групи

Рускиот национален истражувачки центар „Гамалеја“ започна со клиничките испитувања на вакцината за короноавирусот „Спутник V“ врз волонтери од ризичните групи, вклучително и повозрасните лица, соопшти во четвртокот шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

„Да ги почекаме резултатите од овие испитувања, но во основа нашата вакцина е помалку ризична бидејќи е заснована на аденовирус на човек (…) Не очекуваме никакви негативни ефекти кај постарите лица. Моите мајка и татко, на 74-годишна возраст, исто така, учествуваат во програмата за волонтерите и се чувствуваат одлично“, изјави Дмитриев на прес-конференција.

На почетокот од август Русија ја регистрираше првата вакцината во светот за спречување на ширње на Covid-19, но пред завршувањето на финалната трета клиничка фаза од испитувањата што предизвика дилеми и сомневања во светот во нејзината безбедност и ефикасност. Таа се заснова на веќе позната платформа на којашто се создадени голем број вакцини. Како што истакан руското министерство за здравство, искуството со употреба на таквите лекови покажува дека тие се во состојба да дадат имунитет до две години. Првата група вакцини е испратена во руските региони на 12-ти септември.

Препаратот кој ги доби сите дозволи од руските регулаторни тела во текот на летото ги мина двете фази на испитувањато врз волонтери на возраст од 18 до 60 години, и според неговите создавачи тоа резултирало се имунолошки одговор кај испитаниците и создавање на антитела на коронавирусот SARS-CoV-2. Постерегистрацијсата фаза на клиничките испитувања започна во септември и во неа вакцината ќе биде испитана врз примерот од 40.000 доброволци.

Според директорот на центарот „Гамалеј“, Александ Гинцбург, учесниците во оваа фаза ќе бидат постојано следени од лекарите. Тие нема да бидат хоспитализирани, но ќе ги минат сите неопходни анализи пред, по и за време на испитувањето. Покрај тоа, планирано е да електронско следење на испитаниците, преку систем со кој тие ќе може директно и веднаш на лекарите да им пријават доколку почувствуваат некаква непријатност или несакана појава.

Друга руска вакцина против коронавирусот наречене „ЕпиВаксКорона“, којашто ја равива Државниот научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ во моментов се тестира и нејзината регистрација е најаваен веројатно за средината на октомври.

Истовремено во четвртокот, министерот за здравство Михаил Мурашко рече дека испораките на поголеми количества на вакцината треба да започнат кон крајот на октомври или почетокот на ноември.

„Веќе се произведени првите серии за масовно, големо производство на вакцината. Во моментов тие се подложени на дополнителна контрола на кавалитетот на вакцината која трае до 21 ден“, рече Мурашко.