Започна тридневниот изборниот молк

Точно на полноќ заврши дваесетдневната изборна кампања за десеттите парламентарни избори од осамостујувањето на Македнија, во која кандидатитеја презентираат својата понуда пред граѓаните, и изборниот молк кој ќе трае до среда до 21 часот.

Првпат гласањето ќе се одвива три дена. Во понеделник гласаат лицата кои се во изолација поради епидемијата на коронавирусот, а во вторник болните и изнемоштени лица.

Државната избрна комисија изминатиот викенд соопшти дека сѐ е подготвено за одржување на изборниот процес, согласно новите сатнирарно-хигиенски мерки според коишто ќе се одвива гласањето.

Во текот на 20-дневната кампања за овие предвремни парламентарни избори во , која почна на 24 јуни, партиите и коалициите имаа можност да ја претстават својата понуда пред граѓаните.

На парламентарните избори учествуваат 15 коалиции и политички партии, за кои граѓаните ќе можат да го дадат својот глас.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања, според правилата на кои потсети Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Од АВМУ потсетуваат дека според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви и да се форми на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.