Започна истрагата против холивудскиот моќник Вајнстин

Полицијата започна истрага против влијателниот холивудски продуцент, 65-годишниот Харви Вајнстин, што донесе големи непријатности за Демократската партија чијшто голем финансиски донатор бил, обвинет за сексуално вознемирување и силување, што според американските медиуми може да се претвори во голема правосудна сага.

Истрагата на њујоршката полиција засега е ограничена на обвинението за сексуално злоставување кое се случило во 2004 година.

Меѓутоа, најверојатно дека нема сѐ да остане само на овој случај, бидејќи продуцентот се сомничи за злоставување во текот на повеќе децении, при што, секогаш, кога тоа го можел го купувал молчењето на жртвите со платени вонсудски спогодби за доверливост.

Првпат од избувнувањето на скандалот минатата седмица, Харви Вајнстин бил виден во средата како излегува од куќата на неговата ќерка во Лос Анџелес

На прашањето на папарацото рекол „Не сум баш најдобро. Но се трудам. Ми треба поддршка (….) Сите грешиме. Се надевам дека ќе добијам втора шанса“, а пото влегол во големо теренско возило.

Како што наведува порталот TMZ, кој ги следи славните личности и е извонредно брзо и точно информиран, мецената на Демократската партија одлетал во сојузната држава Аризона, каде што ќе се лекува од зависност од секс.

Вајнстин, еден од најмоќните луѓе во Холивуд, има долгогодишни врски со Демократската партија и нејзините истакнати членови како поранешните претседател Барак Обама и Бил Клинтон, и поранешната државна секретарка и неуспешна претседателска кандидатка Хилати Клинтон која својата кампања ја темелеше меѓу другото и на женските права, и бил цврсто поврзан со семејството Клинтон.

Вајнстин собрал 1,5 милиони долари во периодот од 1990 до 2016 година за демократите, според левизијата CNN а бил еден од главните собирачи донации за претседателските кампањи на Барак Обама и на Хилари Клинтон. Клинтонови изнајмиле и куќа во близина на домот на Вајнстин во Хамтонс во 201 година, а тој служел како врска меѓу холивудските ѕвезди и кампањата на Хилари Клинтон во 2016 година, наведува CNN.

Вајнстин неколкупати ја посетил Белата куќа во текот на претседателство на Обама, а неговата сопруга Мишел Обама на еден настан во 2013 година го пофалила како блескава личност и добар пријател.

Националниот комитет на Демократската партија и неколку демократски политичари кои примале финансиска поткрепа од Вајнстин објавија дека дел од средствата ги пренасочиле кон групите за заштита на женските права. Поранешната демократска претседателската кандидатка Хилари Клинтон изјави во вторникот дека е „шокирана и запрепастена“ од извештаите за Вајнстин, но не ги спомена паричните донации.

По првите информации за овој скандал кој весникот The New York Times го објави на 5-ти октомври, Вајнстин започнал да ја губи поддршката на јавноста, а неговата дека неговата продукциска куќа „The Weinstein Company“ му дала отказ. Весникот објави дека продуцентот сексуално злоставувал вработени во неговата компанија и актерки во Холивуд во изминатите 30 години.

Листата на жени кои тврдат дека биле негови жртви, а главно станува збор за манекенки и актерки, станува сѐ подолга, и на неа се наоѓаат имињата на Гвинет Палтроу, Анџелина Џоли, Џудит Годрич, Катрин Кендол, Ема де Кунс, Кара Делвињ, Ешли Џад, Леа Сејду, Мира Сорвино, Флоренс Дарел и други.

Многу кривични дела за која се сомничи основачот, заедно со братот Боб Вајнстин, на продуцентската куќа „Miramax“ којашто во 1993 година ја продадоа на компанијата „Walt Disney“ а во 2005 година ја основаа „Weinstein Company“, сега се застарени, бидејќи локалниот закон ги смета за помалку тешки кривични дела.

Меѓутоа три жени го обвинуваат Вајнстин за силување, италијанската актерка Асја Арџенто, актерката Лусиа Еванс и жена чијшто идентитет не е откриен.

Во Њујорк, пак, нема застарување на кривичното дело силување. Во Калифорнија законот кој предвидуваше застарување на делото по десет години, беше дополнет минатата година, но нема ретроактивно дејство.

Овој случај ја потсети јавноста на случајот на продуцентот и актерот Бил Гозби, кој поголем број жени, меѓу кои и малолетнички, го обвинија за силување.