Започна реконструкцијата на стариот пат Прилеп-Битола

„Патот се реконструира по барање на жителите од овој крај и малото стопанство од Пелагонискиот регион. Патот ќе биде комплетно реконструиран, а ќе се постави и нова вертикална сигнализација. Ланибеа реконструирани исто така 5 км. од овој патен правец, како прва фаза од проектот, инвестицијата тогаш изнесуваше 10 милиони денари. Преостанатите 5 км. ќе бидат реконструирани наредната година со што оваа делницаво 2018 ќе добие комплетно нов слој на асфалт преку целата должина“, рече Гоце Стефановски, раководител на Македонија пат – Прилеп.

1rekonstrukcija

Увид во градежните активности изврши и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој истакна дека овој пат е една од поважните сообраќајни артерии за Општина Прилеп.

2rekonstrukcija

„Ова е еден од најфрекфентните патишта во Пелагонискиот регион кој се користи не само од жителите кои живеат во населените места кои гравитираат околу овој крај, туку и од сите оние кои се занимаваат со земјоделство,имаат свои имотитука или се занимаваат со некаков друг бизнис во овој крај. Реконструкцијата на патот беше едно големо барање кое произлезе од состаноците со месните заедници од сите населени места“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

3rekonstrukcija

Со реконструкцијата на овој пат многу ќе се подобрат условите за превоз на стока и патници, но ќе се зголеми и безбедноста на оваа делница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.