Започнува новата програма за образование, обука, млади и спорт на ЕУ- „Ерасмус плус 2014-2020“

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска ќе има свое обраќање на генералната конференција за отпочнување на новата програма за образование, обука, млади и спорт на Европската унија, „Ерасмус плус 2014-2020“ во Македонија.

На конференцијата која е во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ќе присуствуваат и претставници на Генералниот директорат за образование и култура на Европската Комисија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.