Запрен е изборниот процесот во Лојане, Општина Липково

Пред кратко време во село Лојане во Општина Липково, на гласачкото место 1129, се случи сериозен инцидент, објавува Лајм Прес.

Според набљудувач во ова изборно место, забележано е дека има многу гласачки ливчиња кои недостасуваат, ливчиња кои некој ги отстранил.

Ова беше причината поради која набљудувачот го стопираше процесот, побара полициска помош и побара ова да биде евидентирано во записникот.

Гласањето е прекинато од од 13,00 до 14,10 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.