Запрена потрагата по авионот со фудбалерот на Кардиф

80

Опарацијата за потрага по исчезнатиот авион со кој се превезувал фудбалерота на англискиот премиерлигаш Кардиф Сити, Емилио Сала, е запрена, објавија во вторникот вечерта властите на остовот Гернзи во каналот Ламанш.

По петнаесетчасовна операција на пребарување и спасување, во која биле ангажирани воздухопловни и поморски средства на Велика Британија, Франција и островите во каналот Ламанш, спасувачите пронашле предмети кои плутале на површината од водата, но телото на ниеден од патниците сѐ уште не е пронајдено.

„Не можеме да потврдиме дали некој од предметите е дел од исчезнатиот авион“, соопшти полицијата од острвот Гернзи, додавајќи дека „знаци од патниците“ во овој момент, исто така, не се пронајдени.

„Доколку и навистина слетале на водената површина, тогаш шансите за преживување во оваа фаза, за жал, се мали“, се истакнува уште во соопштението.

Спасувачите решиле да ја прекинат операцијата за потрагата во текот на ноќта, и таа ќе продолжи во мугрите во средата.

Лесниот едномоторен авион од моделот „Piper Malibu“, кој летал од францускиот град Нант во Кардиф во Велс, ноќта кон вторникот исчезнал од радаритем, на дваесет километри северно од островот Гернзи.

Според првичните информации во воздухопловот имало две лица, од кои едниот бил новиот аргентински напаѓач на Кардиф Сити, кој брзал за да им се приклучи на соиграчите на утринскиот тренинг. Сала се вратил во понеделникот во француски Нант, во кој настапуваше од 2015 година по трансферот од Бордо за кој играше од 2012 година, за да се збогува со досегашните соиграчи и да си го собере багажот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.