Запрени обидите за украинска офанзива во Доњецк, Херсон и Никоалев

Руските сили во последното деноноќие ги обесхрабриле украинските обиди да преземат офанзивни дејствија во регионите Херсон, Николаев и Доњецк каде што заземале стратешки важна позиција, информираше во неделата во редовниот брифинг руското министерство за одбрана, известувајќи и за значителни нанесени загуби на украинските сили, пренесуваат Reuters и AFP.

Руските трупи ги заземале позициите на стратешки важите и доминантни ридови во близина на местото Нескоучное во регионот Доњецк, според овој извор. Местото е во правец на градот Запорожје кое е под контрола на украинските сили.

„Во насока на Запорожје во областа на населбата Времевка (во Доњецк) руските трупи продолжија да го уништуваат непријателот на окупираните рабови на регионот и ја заземаа доминантната височина во областа на Нескучное“, се вели во дневниот извештај на руското Министерство за одбрана.

Се додава дека само во денешните борби украинските сили загубиле повеќе од 40 војници, еден тенк и три пешадиски борбени возила. Нема податоци за загуби на руската страна.

Истовремено, како што пренесуваат и западните медиуми, руската артилерија извела удар врз јуришен одред на украинските трупи, кој напредувал кон населбата Кировск во регионот Доњецк. Притоа загинале 20 украински војници, а биле уништени и четири оклопни возила, според информациите од Москва.

Во правецот на Лиман (Красниј Лиман) руските ракетни сили и артилеријата ги спречила плановите на украинската војска да ја форсираат реката Жребец во близина на неколку населби во регионите Луганск и Доњецк кои се под контрола на сепаратистичките и руските сили.

Претходно беше објавено дека руските сили многу рано утрото во неделата продолжиле со воздушни и ракетни напади врз воени и енергетски цели во длабочината на централна и западна Украина, користејќи притоа прецизно наведувано оружје со долг дострел.

Истовремено од рускиот град Белгород, на самата граница со Украина, известија дека е изведен нов украински ракетен напад во неделата во кој се повредени четири лица. Гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков, додаде дека во последните два дена се изведено повеќе такви напади.

На Telegram платформата Гладков напиша дека во гранатирањето на Белгород се повредени три члена на едно семејство. Двајца од ранетите кои се повредени со шрапнели се пренесени во болница, додава.

Рускиот Истражен комитет во соопштение за медиумите дека во неделата во овој град со 330.000 жители се слушнале речиси 16 експлозии. Од почетокот на војната Белгород, тамошната енергетска инфраструктура повеќепати беше цел на ракетни, хеликоптерски и напади со дронови.