Запрени полетувањата од „Хитроу“, повторно дрон во близина на аеродромот

Од лондонскиот аеродром „Хитроу”, најфреквентниот европски аеродром по број на патници, соопштија дека се прекинати сите полетувања откако е забележан дрон, пренесува АФП.

Веднаш реагиравме откако го забележавме беспилотното летало во реонот на „Хитроу” и работиме во координација со полицијата, за да спречиме било каква закана за безбедноста, соопштија аеродромските власти.

Сепак, слетувања има и авионите може да се приземјуваат на овој лондонски аеродром, дополнуваат светските агенции.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.