Заразата со омикрон не е помалку сериозна од заразата со делта

Заразите предизвикани од омикрон варијантата на коронавирусот не се помалку сериозни отоколу инфекциите со досега преовладувачката варијанта делта, покажуваат податоците од првичните истражувања кои ги спровеле британските научници.

Истражувачите од лондонскиот Империјал Колеџ ги споредиле податоците за 11.329 лица со потврдена или веројатна зараза со омикрон сојот со податоците за речиси 200.000 луѓе заразени со другите варијанти на коронавирусот.

Според студијата објавена во понеделникот, а којашто сѐ уште не ја минала стручната рецензија, засега „нема докази според коишто омикрон е помалку сериозна варијанта на коронавирусот од делта, доколку се суди според уделот на позитивни лица кои пројавиле симптоми или според уделот на случаите за кои било потребна хоспитализација и болничка нега по инфекцијата“.

Кога станува збор за вакцините против Covid-19 достапни во Обединетото Кралство, нивната ефикасност против симптоматските инфекции со омикрон сојот биле во распон од 9 до 20 отсто по двете примени дози, односно меѓу 55 и 80 отсто по „бустер“ дозата.

Во споменатата студија се наведува и дека, откако предвид се земени поединечните фактори на ризикот, изгледите дека лицето повторно ќе се зарази со омикрон е 5,4 пати поголем отколку во случај на повторна инфекција со делта варијантата.

Студија на Имеријал Колеџ објавена пред појавата на омикротн сојот укажуваше дека прележувањето на заразата со коронавирусот SARS-CoV-2 пружа 85-процентна заштита од повторна инфекција во птекот на шестмесечен период, додека со оваа студуја „заштитата од повторна инфекција со омикрон, по прележаната болест која ја пружа претходната зараза изнесува само 19 отсто“.